Naslovna Zivot Прозборе за болката: Еве што направи Снеже Велков во 7 наутро (ФОТО)

Прозборе за болката: Еве што направи Снеже Велков во 7 наутро (ФОТО)

Снеже Велков е позната водителка, хуманитарка, но позната е и како личност која го негува здравиот живот, со вежбање и со исхрана.

-Признавам, не бев некое забавно друштво кога бев тинејџерка. Не правев лудости, немам некои анегдоти како мала, и тогаш ги сакав работите што ги сакам и денес – спорт и готвење, па сѐ се вртеше околу тоа.

Никогаш не ми било забавно да прекршувам правила знаејќи дека потоа треба да сносам последици. Секогаш ми било поголем предизвик како да ми биде забавно, а се да биде во рамките на правилата.

Но, бев тврдоглава и тоа што ќе го наумев морав да го реализирам.

Можеби затоа и им беше лесно на моите родители со мене, секогаш знаеја што да очекуваат, односно дека нема да прекршам правила, но и беа подготвени дека преговарање со мене околу промена на некоја моја, веќе донесена одлука, е невозможно.

Таква сум и денес“, изјави Снеже во едно интервју за Слобоен печат.

А Снеже Велков, во 7.30 наутро, додека некои спијат, а некои се подготвуваат за на дневните обврски, неуморно вежба.

И тоа не било какви вежби, туку тешки и комплицирани, а оваа нејзина „мака“, таа ја објавила со песната „Ти си сав мој бол“ од групата ЕКВ. Браво Снеже!