Naslovna Zivot Оваа приказна за Билјана Дебарлиева малкумина ја знаат, еве што сподели познатата...

Оваа приказна за Билјана Дебарлиева малкумина ја знаат, еве што сподели познатата водителка (ФОТО)

Билјана Дебарлиева цели 30 години е гласот и појавата што се омилени кај неколку генерации. Таа остана синоним за личност што кога ќе се појави на телевизија смирува.

Така ѝ велат случајните минувачи кога ќе ја сретнат на улица.

Наспроти таа смиреност, има нешта што ја лутат нашата позната новинарка и ТВ-презентерка, неправдата и луѓе што мислат дека светот почнува со нив.

Нејзиниот свет е семејството, ќерката Ана која има 28 години, синот Мики кој е бруцош и сопругот Јован за кого вели дека е авантурист и човек полн со идеи“, објави во една прилика Слободен печат.

Билјана сподели една важна приказна од својот жвиот, која се однесува на нејзиното детство.

-Кога ќе се сетиш дека во подзаборавениот албум од детството имаш убав спомен од пред 40-тина години.

Лазарова сабота, убав ден, празник, кога како дете, секоја година во родното село на мајка ми, Велгошти,бев дел од традиција во пресрет на Цветници“, напишала Билјана на Инстаграм до оваа уникатна слика.