Naslovna Zivot Ленче Кукиќ загуби драга личност, еве како не дозволила никој да не...

Ленче Кукиќ загуби драга личност, еве како не дозволила никој да не ја познае нејзината тага

Ленче Кукиќ во Србија на улица уште ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше со својот сопруг, Горан Кукиќ, кој е и победник на ова музичко натпреварување како и таа.

На граница не познаа: О, еве ги Македонците од „Никад није касно“, и во Белград на улица исто така“, изјави Ленче на ТВ Сител, и рече дека нејзиот сопруг ѝ бил инспирација и таа да се пријави.

– Горан беше на нивна покана учесник, а јас немав години за да учествувам во Никад није касно. И некако така емотивно се откажав. Си реков: Еве. За мене тоа беше крај. Но, после три години се случи нешто друго.

Не знам, јас се викам дека тоа е се некоја божја работа. И да сакаш да го планираш тоа, не можеш“, раскажа пејачката.

И секогаш си велев. Дали е тоа вистинскиот момент? Но, навистина бил вистинскиот момент. Сепак, јас налетав на коментари дека не сум требала да одам, но тоа во мојата глава е промоција за било каде. За мене тоа беше како лото.

Потоа, Ленче и за нејзината победа во шоуто, во 2019 година, и за тоа кога со нејзините изведби го расплакувала жирито.

– Јас таа 2019 година доживеав голема радост и голема тага. Тоа гледачите преку екраните не можеа да го дознаат, бидејќи јас таа 2019 година ја изгбив мајка ми.

И некако, не бев свесна дали тоа на мене ми се случува, и некако го издржав тој период на радост и на тага.

Дури и сега кога ме прашуваат, како го издржа тој период, јас не знам што да кажам.

Стоев таму и гледав на екранот дека јас ќе победам, веќе последните бројки, ама не знам, бидејќи баш таа недела ми беше многу тешка“, рече Ленче.