Naslovna Zivot Златна Бубамара објави видео од пробата, еве што ќе се случува вечерва...

Златна Бубамара објави видео од пробата, еве што ќе се случува вечерва на шоуто

Човекот што стои зад „Златна Бубамара на популарноста“ веќе 27 години по ред, Ранко Петровиќ, беше гостин во студиото на „Слободен печат“.

Таму зборувал за тоа што може да очекуваат посетителите оваа година и за процесот на раѓањето на шоуто што ќе ги собере најдобрите и најголемите имиња од културата и од забавниот живот кај нас.

-За нас е најголем комплимент кога ќе кажат дека оваа година на „Бубамара“ ќе се појават Сашко Коцев, Игор Џамбазов или Тино и Атанас, но ќе оставиме да биде неизвесност и само ќе најавам дека комплетно ќе уживаат.

Инаку, Сашко Коцев во последниве десет години е број еден кај нас, а нам како држава ни требаат такви луѓе, исто и Тино и Атанас, нивните претстави се продаваат за десет минути, а за Џамбазов нема потреба ни да зборуваме.

И тие се само еден дел од претставата, другите триста и педесет луѓе се во заднина, некој свири, некој пее и слично, а ние кои сме во публиката и аплаудираме, сме им најголема поддршка на тие што се на сцената и добиваат награди.

Така што „Златна бубамара“ е вечер каде што публиката е исто така дел од настанот и многу ни е драго што таа нѐ поддржува“, изјавил Ранко Петровиќ.

Златна Бубамара на популарноста објави едно видео од генералната проба, и тота видео долочува што че се случува вечерва (четврток) на ова шоу. Видеото можете да го видите ТУКА.