Naslovna Zivot Жељко Самарџиќ искрено за загубава на синот: Ми почина на раце

Жељко Самарџиќ искрено за загубава на синот: Ми почина на раце

Жељко Самарџиќ, познатиот пејач од Србија беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров, и таму раскажа една многу тажна случка од својот живот.

Имено, на Жељко многу одамна му има починато синот.

„Тоа ни беше второ дете, имаше три ипол месеци. Доби преплет на црева.

Тоа е уклештуваее на килата, и си замина на моите раце. Таа сцена, понекогаш кога се будам ми останува како една грда сцена на губиток.

Инаку сум слаб и на детски солзи. Се сеќавам, гледав, на интернет, во Сририја, две девочиња. Плачат двете, а едната на другата и вели:

Ќе беше подобро и ние да заминевме со мама и со тато. Тажно, претажно. И знаеш што направив? Не можев да спијам цела ноќ. Утрото заминав во амбасадата на Сирија, застанав, чекав во ред.

Тоа беше оној земјтотрес, кога многу луѓе страдаа. И кога дојдов на ред, го оставив тој износ. И тие ме прашаа: Име и презиме?

Жељко Самарџиќ. Станаа сите, и почнаа две жени да плачат. Реков: Ова е од моето семејство, скромно. „Не е скромно, не сме доаѓале ние за џабе на вашите концерти“.

Целото видео можете да го видите ТУКА.