Naslovna Zivot Се разубаве откако стана мајка, еве како изгледа Наташа Мерсовска во природно...

Се разубаве откако стана мајка, еве како изгледа Наташа Мерсовска во природно издание

Наташа Мерсовска е една од нашите најпознати новинарки, позната по бизнис вестите на ТВ „Сител“ и е доста долги години на ТВ екраните.

Во ноември во 2018 година, таа и нејзиниот сопруг Александар Ристовски ја добија ќерката Каја. Убавата вест, Мерсовска, ја објави на својот Фејсбук профил тогаш со овие зборови:

„Каја си дојде дома. Голема благодарност до доткор Александар Бојаџиев кој се погрижи на свет да ја донесам мојата лепотица и покрај ризичната бременост и доктор Лазар Чадиевски, задолжен крвната слика да е во ред.

Без поддршката и советите од вас, оптимизмот немаше да биде присутен“, напиша Мерсовска на својот Фејсбук профил.

На сликата може да се забележи колку е Мерсовска разубавена.

Ослабена е, има одлична линија и личи на фото-модел. Се гледа дека мајчинството и годи на нашата позната новинарка.

А, сликите на Мерсовска на Фејсбук се главно поврзани со нејзината работа, и сите кои ги објавува се од нејзиното работно место од ТВ Сител, каде што е стокмена и дотерана како за на вести.

Но, на една ја гледаме во различно издание, облечена спортски, во фармерки, во друштво на свои колеги, а ја објавил Сунаи Сабриоски и напишал: Економско-социјална фотографија.