Naslovna Zivot На Благица Павловска не ѝ се најавжни парите, еве каде го подарува...

На Благица Павловска не ѝ се најавжни парите, еве каде го подарува бакшишот

За Благица Павловска знаеме дека освен што целиот живот е посветена на музиката и пеењето, таа најави дека е во обид да го раскаже својот живот на хартија, а тоа да биде достапно и за пошироката јавност.

-Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката. Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста, и мажите во мојот живот, изјави Благица.

За жал, оваа книга сѐ уште не ѝ е достапна на јавноста а поминаа повеќе години откако е најавена.

Според животната филозофија на Благица, многу е важно за секој човек како созреал и каков пристап има кон нештата. Има луѓе, вели фолк-ѕвездата, што се пл ашат од мравка и од сето она што не е човек.

Благица себеси се смета за цврста личност и за неа, оние луѓе кои имаат плашлив дух, секогаш ќе имаат проблеми. А во една прилика, на Канал 5, таа кажа дека не ѝ треба бакшишот од настапите.

-Тоа не е важно, кој колку пари земал. Важно е да не се краде, да не крадете од музичарите и тие од вас. Јас на пример, многу пати не сум ги ни броела парите што сум ги земала како бакшиш.

Сум ги давала на музичарите да ги пребројат. Парите никогаш не ми биле најважно. Важно е да си чесен во оваа професија и важно е да знаеш да поделиш“, рекла Благица.