Naslovna Uncategorized Еве што направи Омар Џаферовски по средбата со Ѓорѓе Давид кој учествуваше...

Еве што направи Омар Џаферовски по средбата со Ѓорѓе Давид кој учествуваше во сообраќајка кај Куманово

И македонските и српските медиуми денеска пишуваат за српскиот рок музичар Ѓорѓе Давид кој учествувал во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 20 часот на патот Куманово-Табановце.

Во неа, загина 49-годишна жена. Давид бил полесно повреден, а лекарска помош добил во болницата во Куманово.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до несреќата дошло така што прво настанал судир меѓу автомобилите со македонски таблички бидејќи едн од возилата влегло на автопат од недозволена насока.

Откако жената излегла од автомобилот, во неа налетало возилото со српски ознаки. Од здобиените повреди, кумановката починала.

-Според првичните сознанија, иницијалниот судар меѓу два автомобили, „Фолксваген поло“ со кумановски и „Фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, бил предизвикан кога најверојатно возачот на еден од автомобилите влегол на автопат во недозволена насока.

По тој првичен судар, патничката од кумановското возило излегла од автомобилот и во тој момент на неа налетал автомобил „Опел инсигниа“ со српски регистарски таблици.

Од ударот жената се здобила со тешки повреди од кои починала, соопшти Обвинителството.

Ѓорѓе Давид останува во Македонија до крајот на процедурата на обвинителството.

-Морам да бидам тука. Ме чека уште една изјава, а како што ми рекоа од обвинителството, нема да бидам во притвор бидејќи не сум виновен, вели Ѓорѓе Давид, додавајќи дека сè уште не може да се соземе.

А инаку, тој во Македонија дошол да се види со Омар Џаферовски, македонскиот претставник во „Ѕвездите на Гранд“ кој е негов кандидат.

И Ѓорѓе Давид и Омар имаат објавено заедничка слика на нивните Инста профили. А Омар, до заедничката слика напишал:

Вели Ѓоле: Зошто сликата би била нормална кога може да биде ненормална? Луѓе, напорно се подготвуваме за следниот круг“.

И откако се случи целата ситуација со Ѓорѓе Давид и со сообраќајката се огласи Омар на својот Инста профил и покажа што правел сношти.

Тој имал настап во ресторан и било ептен весело, а пејачот го снимиле како ја забавува својата публика, но примил и бакшиш кој секако го заслужил.