Naslovna Zivot Сите сме виновни затоа што сме неми набљудувачи: Се огласи Калиопи по...

Сите сме виновни затоа што сме неми набљудувачи: Се огласи Калиопи по загубата на Вања

Сношти ЈО објави дека во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември.

Обвинителството исто така соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24 ноември беше пријавен за исчезнат.

-Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“.

Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот“, стои во соопштението.

Цела Македонија е во голема тага и неверување. Свој статус за загубата на Вања сподели и Калиопи Букле, која на својот Фејсбук профил постави црна слика и напиша:

-Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни…затоа што сме неми набљудувачи на ова грдо време кое дозволивме да стане агонија за нашите деца…прости ни девојче…прости ни Вања…

Сочувство до фамилијата… Сѐ останато е молк“, напиша Калиопи.