Naslovna Zivot Познатиот пејач ги исплука колегите по случката со Вања: Вие сте обични...

Познатиот пејач ги исплука колегите по случката со Вања: Вие сте обични бедни безрбетници во моите очи!

„Таткото” на Вања дефинитивно го „yби” значењето и поимот на ТАТКОВСТВО, а и останатите четворица кои и сами имаат деца!!!

Каков ли само болен ум треба да си за да го намамиш твоето најмило нешто на овоземскиот свет да дојде искрено кон тебе од чиста љубов и доверба дека си родител, а ти да го испратиш во cмрт?

Едноставно немам зборови со кој би можел да го изгнасам овој одрод на човештвото.

Не знам што заслужува овој болесник но знам дека го заслужи најлошото што на еден човечки ум ќе му текне да му го направи на овој „татко”, притоа без да одговара пред лицето на правдата, ако воопшто ја има во оваа држава!!!“.

Ова е статус на Владимир Блажев, познат како Панчо од групата ДНК, за трагедијата која се случи со 14- годишната Вања.

Во својот понов статус, Панчо ги исплука своите колеги поради оваа причина:

-Сите мои колеги, уметници, артисти и јавни личности кои си ги промовирате вашите настани на овоі ден, сте обични бедни безрбетници во моите очи.

Можете да сочекате бар 24ч да поминат, за да покажете некаква почит до фамилиите на yбиените. Нема ништо да ви смени ниту вам ниту на тие кои ве ангажирале.

Како сакате сфатете ме, и што е најбитно к y * не ми чуе!!“, напишал Владимир Блажев- Панчо.