Naslovna Zivot Еве што му се случи на нашиот познат пејач на концертот во...

Еве што му се случи на нашиот познат пејач на концертот во Скопје сношти, од шок и тага го стори ова

Групата Нокаут сношти одржала концерт, кој бил нивен четврти по ред за овој месец во Македонската филхармонија.

Гостин на концертот бил Дарко Гелев-Брејк кој заедно со пејачот на оваа група, Никола Перевски-Пере ја пее песната „Во бестрага“.

И тогаш, среде концерт, „Нокаут“ дознааваат за загубата на малата Вања и на Панче од Велес која на многу свиреп начин го напушти овој свет.

Пере не можел веќе да пее од тага, а целата случка е опишана на Фејсбук профилот на Нокаут и вели вака:

-Синоќа за прв пат во кариерата, Нокаут прекина концерт. После веста за Вања и Панче, никому не му беше до песна. Само молк, тага, гнев и неверување.

Ви благодариме на сите што дојдовте вчера. Ниту еден музичар не би посакал концертот наместо со аплауз да му заврши со едноминутно молчење.

Искрено сочувство до семејствата на починатите. Сите тагуваме со нив. Нека почиваат во мир“.