Naslovna Zivot Еве кој ја направи фотографијата која цела Македонија ја споделува по загубата...

Еве кој ја направи фотографијата која цела Македонија ја споделува по загубата на Вања

Многу корисници на социјалните мрежи споделуваат една фотографија (илустрација) од Македонија во солзи, по загубата на 14-годишната Вања.

Тројца осомничени ноќеска завршија во Истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврди рано утрово за МКД.мк директорот на затворот, Филип Андов.

Мерката која им е изречена е притвор од 48-часа. Како што дознаваме, станува збор за осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски.

За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември.

Обвинителството исто така соопшти дека во околината на Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24 ноември беше пријавен за исчезнат.

Петар Младеновски позмат како Пеце од „Суперхикс“ во својот статус откри чија е фотографијата која се споделува насекаде.

Фотографијата која ја искористив за профилна и кавер е на мојот сосед Lasko Dzurovski Ќе кажев “Браво комшо!” ама не ми е до “браво” некако.. Повеќе ми е да викнам по други – “Уааа!!”

Ласко Џуровски, графички дизајнер и типограф. Роден 1960 година во Ресен. Завршил економски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач и сопственик на студиото за дизајн и типографија ТОТЕМ.