Naslovna Zivot Еве што раскажа Ленче Кукиќ за јакиот бакшиш што го зимаат и...

Еве што раскажа Ленче Кукиќ за јакиот бакшиш што го зимаат и кави вести објави

Пејачката Ленче Кукиќ изјави дека ѝ е многу мило што во Белград на улица ја препознаваат од шоуто „Никад није касно“, каде што учествуваше со својот сопруг, Горан Кукиќ, кој е и победник на ова музичко натпреварување.

На граница не познаа: О, еве ги Македонците од „Никад није касно“, и во Белград на улица исто така“, изјави Ленче во емисијата „Магазин“ на Сител, и рече дека нејзиот сопруг ѝ бил инспирација и таа да се пријави..

– Горан беше на нивна покана учесник, а јас немав години за да учествувам во Никад није касно. И некако така емотивно се откажав. Си реков: Еве. За мене тоа беше крај. Но, после три години се случи нешто друго.

Не знам, јас се викам дека тоа е се некоја божја работа. И да сакаш да го планираш тоа, не можеш“, раскажа пејачката на ТВ Сител.

Зборуваше и за бакшишот и за тоа дека заработката на секој човек е релативна работа, во зависност од тоа кој колку троши и кој колкави трошоци има.

– Јас секаде каде што настапувам, јас никаде и никогаш не сум отишла да им кажам на луѓето да ми дадат бакшиш. Тоа е невозможно.

Ние ги благословуваме луѓето кога ќе ни дадат бакшиш, им велиме: да ви даде Господ уште повеќе, дека ни тие ни дале нам. Ако тие се задоволни, и ние сме задоволни и благодарни“, рече Кукиќ за бакшишот..

А од новостите поврзани со Ленче и Горан Кукиќ е нивниот настап за Нова година во Швајцарија во Цирих кој е во организација на Македонската хуманитарна асоцијација.