Naslovna Zivot Џокси се исплаши: Жена ми ми рече дека ќе се разведе од...

Џокси се исплаши: Жена ми ми рече дека ќе се разведе од мене !

Еден од најпознатите наши пејачи, Ѓорѓе Васиќ, алијас Џина Папас Џокси, е особено актуелен околу Велигденските празници, бидејќи, како што сите знаат, тој ја исполни безвременската „На Велигден сум се заљубил”.

Генерациите кои во деведесеттите години од минатиот век беа во своите дваесетти години, многу добро се сеќаваат на атмосферата пред скопскиот соборен храм, пред таа величенствена атмосфера.

Тогаш, кога илјадници луѓе од поранешна Ванила, па сè до Симпо, по Партизанска, стоеја со свеќи во рацете и го очекуваа Христовото Воскресение.

Речиси постојано, од звучниците на Соборниот храм, пред да започне Божествената Литургија, се слушаше композицијата на Џокси, а сите во еден глас ја пееја.

По полноќ, кога ќе завршеше литургијата, младите се упатуваа во градскиот парк, или околните кафеани и сендвичари, да се „омрсат” по Великиот пост.

Сега, Џокси изненади со една објава во која ја спомена сопругата и вели:

-Напишав песна за Бадник. Вики ми вика ако ја испеам ќе се разведуе од мене. !!! Да ја снимам или не?