Naslovna Zivot Еве што правија Игор Џамбазов и Маријана Станојковска зад сцената на концерт...

Еве што правија Игор Џамбазов и Маријана Станојковска зад сцената на концерт и што ѝ рече тој нејзе

Маријана била супер облечена вчера во црвен фустан со шлиц, а била водителка на концертот „99 megastars” каде пееле македонските ѕвезди од 90-ите години.

Звуците на познатите рефрени и хит песни од македонската музика во времето на 90-ите и почетокот на новиот милениум ги донесоа и тогашните музички имиња, па така на сцената ги видовме:

Искра Трпева, Peace Brothers, Куку Леле, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Александар Ристовски – Принц..

Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Арчи, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски“, објави за овој настан Вистина.мк

Дел од своите хитови изведоа и некои популарни артисти кои се појавија малку подоцна, во почетокот на новиот милениум како Александар Тарабунов или Тони Зен, на пример.

Хитовите пак кои ги пееле некои од тогаш популарните пејачи кои веќе не живеат во Македонија или за жал повеќе не се меѓу нас, за да не изгледа дека биле заборавени, ги изведоа изведувачи од помладата пејачка генерација.

А водители биле и Миа Костова како и Мартин Трпчевски и сите заедно се сликале зад сцената и тоа Игор Џамбазов го објавил на стори.

Ама споделил и уште едно стори од Маријана како двајцата стојат зад сцената, Маријана облечена во својот преубав фустан, а Џамбазов стои до неа и вели: „Биди тука за секој случај!“