Naslovna Zivot Водителката Јана искрено прозборе како ѝ е во бракот, искрена како никoгаш...

Водителката Јана искрено прозборе како ѝ е во бракот, искрена како никoгаш досега

Јана Серафимова (30) е автор и водител на емисијата „Фер-плеј со Јана“ и уредник и презентер на вестите од спортот на Телевизија Телма, објави Женски магазин

Месецов, Сојузот на спортови на градот Скопје ѝ додели признание за спортски новинар, поради начинот на кој го промовира и му дава поддршка на спортот со својата работа.

-Тинејџерскиот период би го опишала… како убав, динамичен, весел, исполнет со многу дружење и музика, многу часови поминати во „Илија Николовски – Луј“, изјавила Јана.

Потоа, за братот Никола кој е успешeн фудбалер рекла:

-Мојот брат, е мој… најголем подарок што животот ми до даде. Безусловна љубов, поддршка, најголема гордост.

Се сеќавам дека кога го одбрав неговото име, моите родители веднаш прифатија без никакви предомислувања да се вика Никола.

На крајот, прозборела за бракот и за нејзиниот сопруг Горан Петровски.

-Мојата дефиниција за бракот е… Моето најубаво, најбезбедно и полно со љубов место. Перфектно совпаѓање.

Најсилно сакање, поддршка и почит. Светост, тоа е бракот за мене и мојот сопруг и така се однесуваме кон таа наша заедница, тој наш свет.

Секогаш заедно и со крената глава низ сè“, рече Јана во ова интервју.