Naslovna Zivot Се огласи Маја Оџаклиевска откако по трет пат стана баба: Твоето срце...

Се огласи Маја Оџаклиевска откако по трет пат стана баба: Твоето срце ќе се стопи со моето

Андреа Оџаклиевска, наследничката на Маја Оџаклиевска, стана вистинска волшебна бринета, која може да им парира на познатите убавици, објави српскиот портал „Ало“.

Андреа, која честопати ја следеше нејзината мајка во нејзините телевизиски настапи, веднаш ги собра комплиментите на телевизиските гледачи поради тоа што изгледа одлично.

Ова може да се види и на нејзиниот Инстаграм профил.

– Жртвував добар дел од мојата кариера да бидам постојано со моите ќерки. Ги носев насекаде, работејќи паралелно, но и избирајќи дестинации за да бидам со нив.

Самохраните родители најдобро знаат колку е тешко да се одгледуваат деца без помош на баби, тетки и други роднини.

Не велам дека тие не ми помагаа, но најголемиот дел од товарот падна на мојот грб, и тоа е многу тешко. Уште потешко е кога имате две деца.

Одговорна е и физички напорна работа, ако сакате да сторите сè како што треба – рече Маја пред неколку години за „Блиц“.

Маја по втор пат стана баба во октомври во 2021 година, откако нејзината помала ќерка Андреа доби син од бракот со сопругот Милош.

Покрај својата ќерка Андреа, Маја има и ќерка Теа, која ѝ го подари внукот Лука пред 13 години.

– Лука е аутистичен, тој сè уште не зборува и јас сум целосно посветенa на него. Не велам дека се запоставив, но не сум во првите редови во ваква ситуација“, изјави Маја која живее со внукот и се грижи за него.

Минатиот викенд, Андреја Оџаклиевска Живковиќ роди уште еден син. Бебето ќе вика Милутин, а ова на социјалните мрежи го објави тетката на бебето, српската манекенка Дејана Живковиќ.

Милош Живковиќ, братпт на Дејана ѝ е сопруг на Андреја Оџаклиевка.

Сега, на социјалните мрежи се огласи Маја Оџаклиевска, откако по трет пат стана баба, во свој уметнички стил. Таа споделила еден спомен од стихови кои велат:

-Остануваш и траеш, додека невообичаено и богатство на дарувањето, твоето срце се стопи со моето“, напиша Маја.