Naslovna Zivot Еве што рече Илина при последната средба со Игор Џамабазов и што...

Еве што рече Илина при последната средба со Игор Џамабазов и што му подари за крај

Познато е дека Игор Џамбазов, нашиот познат актер и планинарката Илина Арсова не се веќе заедно, а тоа е затоа што како што рече Игор: Далечината си го направила своето.

-Тоа е огромен проблем. Далечината. Единственото нешто што може да ја победи љубовта. За жал, Илина и јас не сме повеќе заедно.

Таа веќе одлучи дека сака таму да живее, доби одлична понуда за работа, онаа за која сонуваше во последните 10 години, и што е најважно од сѐ, сето ова таа ми го најави уште во првите денови на нашата љубов.

И конечно, кога короната и официјално не беше пречка за патувања, таа се спакува, во куферот што ѝ го подарив претходниот ден и замина.

Исто како во „Бестрага“. Сите приказни исти се, тажни ко оваа“. Сите големи љубови се тажни, но јас сум возрасен човек и научив да се справувам со сѐ.

Ги молам сите оние што нѐ сакаа и ја подржуваа нашата љубов, да не бараат виновници. Виновник за сето ова не постои.

И понатаму сакам да продолжите да ја поддржувате Илина во нејзините акции, бидејќи таа е една посебна жена со која имав привилегија да бидам скоро три години.

Од неа научив многу, а некои нејзини совети ќе ги користам до судниот ден“, изјави за Илина Игор во Слободен печат.

А при нивната последна средба, за нејзиниот роденден минатата година, таа раскажа:

-Роденденот помина пред недела дена ама споменот ми е толку свеж и драг, што посакав да го споделам и сега… Тој ми купи куфер, јас не му купив ништо. Срцето му го подарив па нека му прави што сака.

Овие мили луѓе на сликиве направија еден навидум обичен, прилично стресен ден, да стане прекрасен. И затоа им благодарам.

Ви благодарам и на сите вас, кои бевте дел од летните дружби во Лагадин, а и сите останати виртуелни пријатели кои до скоро ми пишуваа честитки во сандаче.

Ви посакувам убав ден каде и да сте. Сакајте, правете добри дела и никогаш не ја губете вербата во себе“, напишала Илина тогаш.

Сликите со Игор Џамабазов, таа ги нема избришано од Инстаграм.