Naslovna Zivot Откако зетот на Наум, Владимир Поповски реши да го смени животот, неговите...

Откако зетот на Наум, Владимир Поповски реши да го смени животот, неговите блиски го сторија ова

Владимир Поповски познатиот фолк-пејач, зетот на Наум неодамна објави една важна вест на својот Фејбук профил:

-Би сакал да ве известам дека не сум повеќе член на групата Биоритам но веќе договорените настапи меѓу кои како најзастапени свадбените веселби во договор со групата ке бидат заеднички отсвирени до крајот на годината 2023.

Не можам а да не кажам дека со групата Биоритам поминавме преубави 7 години баш поради тоа остануваме во супер однос…

2024 година е нов почеток за мене и мојот бенд кој е веќе формиран, бенд кој би настапувал на секаков вид забави, јавни музички настани како и Свадбени веселби и приватни забави.

На мое преголемо задоволство ви споделувам композиција која многу често е изведувана како композиција за првиот свадбен танц“, напиша на Фејсбук Владимир.

А, во меѓувреме Биоритам како си продолжија понатаму и како да не жалат по својот стар член.

Тие објавиле слика од сегашната постава и си тераат со настапи и понатаму, а си тера и Владимир со полна пареа, но тој и колегите од групата си се во супер односи.