Naslovna Zivot Еве зошто Благоја Грујовски има филмска животна приказна, а знаете ли колку...

Еве зошто Благоја Грујовски има филмска животна приказна, а знаете ли колку години има и никој не верува во тоа?

Фолк-пејачот Благоја Грујовски 30 години е на музичката сцена. Иако ко млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк.

На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен.

Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна.

„Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“, вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе. Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените.

За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.

„Јас не сум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, диксретен човек. Сум правал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот.

Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.

А иако има големо искуство, и доста зад себеси, Баже изгледа многу млад и никој не би рекол дека има 61 година и изгледа како да е во цутот на младоста, секоја чест!