Naslovna Zivot Ова како да не е Стојне Николова, со ваков имиџ не ја...

Ова како да не е Стојне Николова, со ваков имиџ не ја знаеме, а еве каде ќе оди надвор од Македонија (ФОТО)

Младата фолкерка Стојне Николова која кариерата ја започна пред неколку години во моментов е една од најбараните и најпопуларни пејачки на домашен терен.

Вели дека е пресреќна поради тоа, но истовремено и е многу жал што нејзиниот покоен татко не може да ги види успесите кои ги постигнала.

Сигурно мојата среќа би била поголема доколку човекот кој е заслужен за досегашниот мој успех може да ја види радоста во моите очи – мојот татко.

Болката и празнината се големи и не можат да се опишат, но јас ќе продолжам понатаму зашто тоа е мојот, а беше и негов сон”, рече Стојне.

Симпатичната струмичанка признава дека нема идоли меѓу домашните повозрасни колеги, но дека исклучително ги цени сечиј напор и труд.

Вели, дека и понатаму ќе ја има и на тезгите, иако сака да се обиде и на домашните фестивали.

Една од сликите на Стојне на Инста привлекува доста внимание, а тоа е онаа со мрежесета капа и со раскошен накит.

На оваа слика Стојне не личи многу на неа, зашто инаку сме научени да ја гледаме во кратки фустанчиња и во поспортско издание.

А таа наскоро си заминува од Македонија, на настап секако и еве што за тоа рекла на соијалните мрежи:

Драги мои, 25ти Ноември, во сабота, се дружиме заедно со Македонците во Англија, во ресторанот „Вардар”, во Littlehampton. Се гледаме.