Naslovna Zivot Ова им се случи на Трајче и на Кате од група „Соната“...

Ова им се случи на Трајче и на Кате од група „Соната“ на настап, сликата кажува сѐ (ФОТО)

Кате од групата „Соната“ во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град сè уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам, што сме имале среќа кога почнувавме… ние имавме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сè уште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително. Сè уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

Велешката група „Соната” долго време опстојуваат на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не, цели 18 години беа во љубов и во врска. Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова. Ќерката се вика Ана, а радосната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“.

А на една од потазе сликите на Трајче од Соната на Инстаграм, се гледа дека на настап на него и на Кате им дошол еден драг гостин, тоест драга гостинка.

Сликата кажува сѐ, а станува збор за нивната ќеркичка Ана, која мајката ја фатила за рака и пеела со неа, прекрасна глетка во секој случај.