Лејла Рамковска, ќерката на некогашниот сопственик на телевизијата А1 Велија Рамковски, веќе неколку години назазад е позната јога инструкторка.
-Не постои група на луѓе за кои смее или не смее или не се препорачува да практикува јога. Секој може да практикува јога..
Само е важно да си го најдеш вистинскиот тип на јога кој што ти прилега на твојот карактер.
Кога би опишала што јогата направи за мене, со еден збор, тоа е трансформација- дефинитивно. Започнав на 30 години со јога. Тие што практикуваат јога, знаат.
Не можев ни мост да направам, апсолутнио бев многу крута. И не само крута, туку немав ни снага.
Е сега тука е е тој момент кога ќе се разочараш и егото ќе настапи и ќе прекинеш, ќе речеш- не е ова за мене.
Или малку ќе си дадеш шанса. Секогаш тоа им го кажувам на оние што ќе почнат кај мене на часови, да не очекуваат резултати веднаш.
Да си дадат едно време, барем од месец дена, чувството барем да го осетат, доброто чувство во телото“, рече таа во видео интервју за Точка.
-Во животот верувам за секој од нас, доаѓа таков момент кога треба да направиш избор кон каде ќе се движиш…
За Рамковска е сега познато дека е во врска со композиторот и пејач Роберт Билбилов, и љубовта не ја кријат, туку напротив, со јавноста ги споделуваат важните моменти.
Сега Билбилов споделил стори со својата сакана, како уживаат во Ница во Франција, едно од најмонденските места на светот, и си наздравуваат со пиво.