Naslovna Zivot Голема новост кај Андријана Јаневска, пејачката има за частење (ФОТО)

Голема новост кај Андријана Јаневска, пејачката има за частење (ФОТО)

Андријана Јаневска е сестрана личност, таа е наставник во своето музичко школо, виолинистка во Македонската опера и балет, пејачка, мајка на два сина, сопруга на музичарот Гино.

А отсега, Андријана е и нешто друго за што се пофали на социјалните мрежи.

-Од денес, доктор на науки. Успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во:

Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за фолклор “Марко Цепенков”.

Голема благодароност до комисијата во состав: проф. д-р Лидија Стојановиќ-Лафазановска, проф. д-р Стефанија Лешкова-Зеленовска, проф. д-р Весна Петреска и проф. д-р Горанчо Ангелов.

Секако, најголема благодарност и’ должам на проф. д-р Рода Величковска, која како мој ментор ме водеше низ процесот на создавање на овој труд, на кој му посветив девет години љубов, внимание и работа.

И’ благодарам на проф. д-р Катерина Тодороска која ми ја разгоре љубовта кон историјата на Македонија и ми даде идеја да го проучувам македонскиот фолклор во Албанија.

Му благодарам и на Никола Ѓурѓај кој ме запозна со многу информатори, пејачи и раскажувачи кои со своето учество придонесоа да се зачува од заборав македонскиот фолклор!

Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот!

Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“, напишала Андријана.

Секоја чест Андријана за сè што правиш за музиката и за Македонија.