Богдана Ражнатовиќ објави дека по трет пат е во блажена состојба.
Веста за приновата во семејството Ражнатовиќ одекна во сите регионални медиуми. Богдана, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, повторно е бремена.
Двојката го очекува третото дете, а веста за бременоста ја сподели токму Вељко. Тој во својата емотивна објава откри и дека ќе добие трет син: „Слава на Бога!
Ти благодарам Господи за сè што ми даде како грешник. Слава на отецот и синот и Светиот Дух! Богдана, кралице на мојот живот! Доаѓа уште едно бебе“, напиша воодушевениот татко.
Сега се огласи и Богдана. На овие зборови не остана имуна и снаата на Светлана Цеца Ражнатовиќ која во коментарот му порача: „Те сакам“.
Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана станаа родители на 3 јуни во 2020 година за првпат, кога се роди малиот Жељко. Младите родители својот наследник го крстија на 12 јули, на големиот христијански празник.
А инаку, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана на 17 април на свет го донесе синот Крстан.
Како што пренесуваа српските медиуми тогаш, парот веднаш штом дознале дека бебето е момче знаеле дека ќе се вика Крстан.
-Јас така сè испланирав. Пред да се роди Жељко и кажав на Богдана дека вториот син ќе се вика Крстан и ете, се случи и тоа, рекол гордиот татко Вељко.