Naslovna Magazin Еве како Марина Туцаковиќ го спасила животот на Џеј, вистината излезе на...

Еве како Марина Туцаковиќ го спасила животот на Џеј, вистината излезе на виделина

Објавен е трејлерот за долгоочекуваниот филм „Недеља“ кој го следи животот на еден од најпопуларните пејачи на овие простори, Џе Рамадановски.

Инспириран од вистински настани, филмот е создаден според идејата на продуцентот Владан Анѓелковиќ и сценаристот Стефан Бошковиќ.

Филмот ја раскажува приказната за Џеј од неговата најрана младост, па сè до големиот успех што го постигнал.

Судејќи по објавениот трејлер, ова достигнување секако ќе ги оживее спомените на познатиот музичар и никого нема да остави рамнодушен.

Ова е филм за пријателството и успехот, во кој проникнуваат елементи на акција, драма и незаменлива музика. Еден од најнезаборавните моменти е кобната средба на Џе со Марина Туцаковиќ и Фута.

Познатиот пејач секогаш сонувал да стане некој важен, а музиката му била патеката.

Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица или во поправен дом, Џеј успеал да го заземе своето место на музичката сцена и преку своите песни станал дел од животот на многумина.

Инаку, Џеј во неколку наврати потенцираше дека средбата со Марина му го променила животот, што меѓу другото таа му го спасила животот кога му ја дала првата песна, по што станал славен и се спасил од улицата.

Легендарниот пејач и бил благодарен до крајот на животот. Да потсетиме, насловната нумера во филмот ја пее Цеца Ражнатовиќ.