Naslovna Magazin Пред да почине, познатата пејачка од Србија очајно сакала да ја види...

Пред да почине, познатата пејачка од Србија очајно сакала да ја види Драгана Мирковиќ зашто сакала да го тргне гревот од душата

Близок соработник на Драгана Мирковиќ откри што правела покојната пејачка Ксенија Пајчин пред нејзината смрт.

Една од најпопуларните пејачки од деведесетите, покојната Ксенија Пајчин, кариерата ја започна со Драгана Мирковиќ.

Првата вистинска популарност Ксенија ја стекна со појавувањето во спотот на Драгана „Опојни су зумбули“.

Новинарот Стевица Николиќ е близок соработник на Драгана Мирковиќ речиси деценија и пол, а тој сега евоцира спомени од почетокот на пријателството и соработката со музичката ѕвезд.

Но зборуваше и за Ксенија Пајчин со која непосредно претходно бил во контакт, пред нејзината смрт.

Ксенија Пајчин два дена пред смртта во емисијата ми кажа: „Те молам кажи му ѝ Драгана да ми се јави, имам нешто многу важно да и кажам“.

-Таму беше и Жељко Шашиќ. Разговаравме и таа рече дека згрешила за Драгана. Буквално со тие зборови. Ме праша дали можам да стапам во контакт со неа, за да и каже нешто важно.

Претпоставувам дека се работи за некои работи што се правеле зад грб на Драгана. За што точно се работи, никогаш не дознав.

Бев во добри односи со Ксенија. Мене ми е потресно што се допишувавме ден пред трагедијата.

Ми испрати порака дека Филип и таа го чистат снегот пред зградата и ме праша кога ќе биде емисијата.

За жал, таа емисија никогаш не успеа да се емитува додека таа беше жива. Тоа е моја прва емисија што се емитуваше како in memoriam – рече новинарот.