Пејачот која својата кариера ја започнал кон крајот на деведесеттите години и ден денес е популарен на естрадата. Тој е во брак со пејачката Марта Савиќ, со која ја имаат ќерката Елена.
Пејачот има низа хитови кои сите ги сакаат и пејат, но сепак никој не знае кое е неговото вистинско име.
Она што е исто така интересно е дека е роден на 1. јануари, односно на Нова Година, а неговото вистинско име е Милојко.
Веруваме дека многумина тоа не го знаеле. Станува збор за Миле Китиќ.
Популарниот фолкер во неколку наврати проговори за сиромаштијата.
Пејачот Миле Китиќ може да се пофали со неколкудецениска завидна кариера и живот на висока нога кој дојде како резултат на голем труд, но патот до таму беше трнлив.
Миле рече дека кога дошол во Белград живеел со пријателот, познатиот фотограф Зоран Кузмановиќ Муња, кој им помагал и на многу други пејачи.
– Роден сум на село. Во нашето семејство имаше пет деца. Живеевме од земјоделство. Не бевме баш сиромашни, имаше храна, пијалок, добиток.
Но, не можевме да си дозволиме се што ќе посакаме, на пример, добар велосипед и некои такви работи – изјави тогаш Миле.
– Спиевме во куќа каде гореше само една печка, другите соби беа ладни, без греење. Имаше и од тоа што спиев на места каде што има влага, на мувлосан душек.
Немаше ниту добра облека, ниту чевли, но бевме здрави. Затоа сега сум здрав.
Барем така слушнав дека луѓето кои се трудат низ детството и животот живеат уште подолго – се присетува пејачот за Информер.