Сузана Спасовска е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ истакна дека е многу среќна со нив, бидејќи и сите утра и започнуваат со нејзините колеги од Ансамблот.
Легендарната пејачка на народни песни, Сузана Спасовска е солист првенец на ТАНЕЦ. Таа во интервју за ИН ТВ открива дека во ТАНЕЦ е повеќе од десет години, но како надворешен член со нив соработува долги години.
-Како надворешен член со ТАНЕЦ соработувам многу години, меѓутоа официјално како солист првенец сум веќе десет години.
Како надворешен соработник јас доста патував со Танец, така да ако ги броиме сите тие години тоа се навистина доста години.
Многу сум среќна кога сум со нив, бидејќи и самото утро ми почнува прекрасно со музика, со колегите ќе се напиеме едно утринско кафе и ни почнува со песна, со музика и игра.
Некогаш ни недостасува кога имаме неколку слободни денови и првиот ден кога ќе отидеме на работа велиме лелее, чудно е без тие луѓе нели, се навикнуваш.
Тоа е една таква екипа која што ја бива и за пиење кафе, а и за песна и игра.-раскажува Спасовска, за гледачите на ИН ТВ.
-Секогаш треба да се биде поразличен, доколку сакате да бидете забележани и да постигнете фантастичен успех. Ако не бидете поразлични, ако се претопите во стадото, тогаш кој ќе ве забележи?
Јас така сум размислувала од почетокот на кариерата, значи сè што е направено, не е воопшто случајно.
Така сум размислувала, дека треба да направам една своја стратегија, по којашто ќе чекорам во текот на кариерата, значи чекор по чекор, јас сум ја градела својата кариера.
Многу ретко се случило нешто да дојде случајно. Сето тоа си било осмислено од мене.
Секако на почеток, си почнуваш сам, па се надоградуваш во текот на кариерата со соработници, си го градиш својот тим, и така малку по малку, доаѓаш до луѓе околу тебе кои ставаат едно камче во мозаикот наречен Сузана Спасовска.
Сам човек не може да опстои на сцената. Се гордеам што можам да бидам пример за младите, да оставам трајни вредости зад себе.
Среќна сум што одат по моите стапки, како што јас сум чекорела по стапките на легендите на македонската музика“, изјави Сузе во интервју за Женски магазин.
А еве што последно направи Сузана Спасовска за Македонија, и со тоа докажа како се сака татковината. Таа пееше на концерт во Тетово.
Овој настап беше во рамките на караванот „Македонијо, во срце те носиме“ каде што Сузана пееше заедносо нејзините колеги во Тетово.
Сузе облекла едптен каја креација, со сонцето на Вергина и се сликала во Тетово на Инста каде што многу народ уживал во нејзината изведба, но и во патриотската креација.