Naslovna Srbija Се огласи семејството на детето убиец од Белград – еве што напишаа...

Се огласи семејството на детето убиец од Белград – еве што напишаа во кусата порака до јавноста

Белград и Србија овој месец ги потресоа два досега невидени масакри. Едниот во основното училиште во Белград, другиот во Младеновац. Во двата настани имаше многу жртви и повредени.

Целиот Балкан се обедини во осудите на крвавите пирови и испрати поддршка до семејствата на жртвите и српскиот народ. Денес, српски Курир пренесе порака од семејството на момчето-убиец од ОУ „Владислав Рибникар“. Првпат по маскрот, семејството проговори преку адвокатската канцеларија.

„На тој 3. мај завладеа вечна тишина во која секој ден тивко плачеме од неизлечива болка и тага за секое невино дете кое загина и за Драган кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и најискрено жалиме и испраќаме сочувство до секое семејство за нивната загуба, кои се наша загуба. Засекогаш во тага“ – се вели во соопштението кое го пренесуваат српските медиуми. Писмото е потпишано од семејството на детето-убиец.

Мајката на момчето убиец вчера беш сослушана во полициската управа во Белград каде требало да одговори на 10 прашања за да се утврди дали имало запуштеност или злоупотреба на момчето, а во наредните денови ќе биде сослушана и во Првото основно јавно обвинителство.