Naslovna Srbija Вака изгледа синот на легендарниот Синан Сакиќ, кој утрово не се разбудил...

Вака изгледа синот на легендарниот Синан Сакиќ, кој утрово не се разбудил од сон (ФОТО)

Српскиот пејач Синан Сакиќ почина во јуни 2018 година, на 62 годишна возраст. Синан Сакиќ беше Југословенска легенда, кој заедно со Мухарем Сербезовски и Џеј Рамадановски, одбележаа неколку децении од кафеанската музика.

Во тоа време, Џукица Сакиќ Амзиќ која живее во странство на својот Инстаграм профил се огласи со емотивна порака споделувајќи негова фотографија на која пејачот седи и свири на клавир.

Посакувам да те видам. Посакувам да те прегрнам. Посакувам да ти кажам дека те сакам тато. Кога би можела само да добијам шанса да го слушнам твојот најубав глас.

Ја посакувам твојата мила и убава насмевка, го посакувам нашиот разговор, особено оној каде ми зборуваше што те мачи и што те боли. Посакувам се да оставам и да дојдам кај тебе на некое подобро место, толку е празно се околу мене. Ми фалиш единствен мој, напиша тогаш Џукица.

Денес српските медиуми јавуваат за уште една трагедија во семејството Сакиќ. Рашид Сакиќ (45), син на починатиот пејач Синан Сакиќ, почина во затворот Сремска Митровица, каде бил осуден на казна од три години поради разбојништво.

„Осудениот Р. С. утрово не се разбуди од сон. Известени се полицијата, обвинителството и судот. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад“, изјавиле за српски „Курир“ од Управата за извршување на кривични санкции.

Од Управата за извршување на кривични санкции за „Курир“ рекле дека осудениот утрово не се разбудил. Известени се полицијата, обвинителството и судот. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад – соопшти Управата за извршување на кривични санкции.