Naslovna Srbija Родителите на учениците од 7-2 им дадоа 7 дена рок на властите,...

Родителите на учениците од 7-2 им дадоа 7 дена рок на властите, да им одговорат на овие прашања

13 годишното дете убиец, се уште е на опсервација во Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и младинци, а неговиот татко е во притвор.

Иако според законот во Србија не може кривично да одговора, сепак полицијата води истрага за да ги утврди сите факти околу трагедијата.

Една недела по масакрот во белградското училиште Владислав Рибникар, учениците почнаа да се враќаат во училишните клупи. Надвор ги пречекаа полициски службеници, но не се огласи училишното ѕвонче.

Предавањата ќе бидат заменети со разговори со психолози и психијатри, а наставата ќе почне во моментот кога експертите ќе проценат и кога децата ќе изразат потреба. Од Министерството за образование објаснија дека сепак на родителите останува дали ќе ги донесат своите деца.

Но учениците од одделението 7-2 не дојдоа. Се уште се во шок велат нивните родители. Од тоа одделение беа убиени 5 деца, а ги уби сооученикот Коста. Родителите од 7-2 доставија седум барања до сите надлежни институции во Србија, а им дадоа рок од седум дена да им одоговорат.

Реконструкција на настанот, објаснување како се случил, како се одвива истрагата, да им се објасни на родителите што ќе биде со момчето убиец бидејќи кај децата постои голем страв дека ќе биде на слобода, тим од надворешни психолози и психијатри кои редовно ќе работат со учениците од 7/2 одд. без учество на училишниот педагог и психолог, со цел да се обезбеди непристрасност се дел од барањата.