Naslovna Zivot Сашо Тасевски со потсетување до родителите: Ние не одевме на кинески, виолина,...

Сашо Тасевски со потсетување до родителите: Ние не одевме на кинески, виолина, теквондо, компјутери

Статус на Сашо Тасевски: „Родителка од маало: Моето дете нема време да мисли на глупости. Оди на курсови и тренинзи
Понеделник: цртање, хип хоп, германски… Вторник: теквондо, хор, шпански Среда: виолина, извидници, веб дизајн, кинески…

Кинески? Стварно? Зошто бе? Мора да знае се. Мора да е спремно за живот. Најдобро. Спремно за живот? Ма немој. Спремно е за стаклено ѕвоно, не за живот. Ќе излезе утре надвор од тој контролиран свет во реалноста и на првата пречка, ко ќе му раскине девојка или дечко или кога нема да знае да ја освои таа девојка и она го откачи, ќе пукне психички на лице место.

На кинески ќе и се додворува? Ќе знае да го подели сендвичот со неа или другарот у клупа? Ќе знае некому од клас да купи тост ако нема пари? Тешко. Нема да забележува такви ситници. Ние не одевме на кинески, виолина, теквондо, компјутери хип хоп…на се заедно.

Одевме на едно од нив, најмногу на две. Ретки од нас. Ама ако ти рече некој дај лиз од сладоледот ќе му дадеш. Јес да беше малку гадно тоа, ама ќе му дадеш. Немало време глупости да прави оти одело на курсови за се!?

Од такво дете можете да очекувате и најголема глупост.Зашто кутрото ќе пукне, еден ден. Ќе почне на кинески да ви збори дома, па оди разбери го.