Naslovna Srbija ЖЕНА ХЕРОЈ – му се затрчала и со голи раце сакала да...

ЖЕНА ХЕРОЈ – му се затрчала и со голи раце сакала да му го фати пиштолот на детето убиец

Меѓу жртвите на разулавеното дете, немало само ученици на училиштето, туку неговата прва жртва бил чувар, кого го застрелал токму на влезот од училиштето, а потоа пукал и во професорката по историја Т.С., која во тој момент предавала. .

Имено, училницата во која учениците го одржуваа час по историја е првиот кабинет во близина на влезот, па учениците и наставничката веднаш го слушнале пукањето што се случило во холот, кога прво било нападнато обезбедувањето, а потоа и три ученички. Според унформациите од очевидци, наставникот ја отворил вратата за да види што се случува.

– Момчето пиштолот го вперило и кон неа. Таа се обиде да го спречи и буквално со рацете отиде до пиштолот, претпоставувам дека во тие моменти сакаше да ги прекине истрелите. Сепак, ја удри во раката и стомакот – ни велат упатени извори и додаваат:

– Наставничката се однесуваше херојски, сакаше да ги заштити учениците, а тој нејзин потег веројатно спаси некои деца.

Се претпоставува дека стоејќи на влезот од училницата и движејќи ги рацете кон пиштолот, наставничката им купила време на учениците да се сокријат и ја намалила штетата – заклучуваат извори на Курир.

Повредената Т.С., со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот центар каде била примена со уште тројца нејзини ранети ученици.