Naslovna Makedonija Објавено видео од моментот кога глутница кучиња напаѓаат девојка во Тетово

Објавено видео од моментот кога глутница кучиња напаѓаат девојка во Тетово

Проблемот со кучињата скитници е системски и мора подитно да се разреши, за да не гледаме сцени кои се вообичаени во изминатиот период. Денес е објавено видео, како девојка која е нападната од кучиња паѓа на тревникот пред зграда во близина на Универзитетот во Тетово.

Напомош и доаѓаат двајца минувачи кои ги бркаат кучињата. Ова е дел од видеото објавено на фејсбук профилот на „Тетово инфо“.

На видеото се гледа дека десетеина кучиња почнуваат да трчаат по девојката, која бегајќи од глутницата вика и бара помош. Таа трча кон влезот на зграда, но кучињата ја соборуваат и паѓа на тревникот.

„Се надевам дека ова видео ќе ви ги отвори очите и ќе преземете мерки за оваа жална состојба насекаде низ нашето Тетово“, пишува во објавата, жител на Тетово, а пренесува порталот Фокус.

Проблемот со кучињата скитници во Тетово е присутен со години наназад, а властите никако да најдат решение за овој проблем. Од Општина Тетово велат дека здружението „Амос шелтер“ со кое имаат склучено договор во досегашните акции заловило 82 бездомни кучиња. Власта во Тетово бара трпение од граѓаните, бидејќи како што велат ова е голем проблем, особено што кучињата во Тетово се носат од други населби.

Општина Тетово пред неколку месеци објави дека ќе исплаќа надомест на штета на оние граѓани кои ќе бидат каснати од бездомно куче.

Локалната власт објави и Правилник за начинот и постапката на утврдување и исплата на надомест на штета. Видеото можете да го видите ТУКА