Naslovna Makedonija Крешник: Македонија е земја со најефтина храна и горива во регионот –...

Крешник: Македонија е земја со најефтина храна и горива во регионот – ГОРДИ СМЕ

Најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека има намалување на инфлацијата споредбено со претходните месеци и најголемо намалување во споредба со ланскиот октомври кога генерално почнаа да се зголемуваат цените во нашата држава и на прехранбените производи и на енергенсите, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

– Инфлацијата во споредба со истиот месец од претходната година е 14,7 отсто и има 2 проценти намалување ако ја споредиме со февруари. Најважно е дека има намалување во делот на транспортот и во делот на храната што значи дека мерките кои ги носи Владата почнале да го даваат својот резултат, рече Бектеши пред еден месец по состанокот со увозниците на овошје и зеленчук во Министерството за економија.

– За само еден месец, од март до април, се намалиле трошоците за живот за храна и безалкохолни пијалоци за 5,2%. Горди сме, можеме да кажеме дека Македонја е најевтина земја во делот на прехранбени производи и нафтени деривати, рече денес министерот Бектеши.

Иако цените на дериватите се берзански, владата има простор со проценти да утврдува и да влијае врз цените како што се царината, ддв-то и останатите давачки. Имаме простор да донесуваме вакви одлуки за да ги амортизираме високите цени – истакна министерот Крешник Бектеши.