Статус на Сашо Тасевски: „Пред два дена урлање за тоа дека на децата треба да им се даваат светли примери да следат за да не забегаат. Вчера куп родители на Саемот на книгата сликани со онаа пола златари во Европа што ги ограби.
Зошто бе родители? Од каде таа потреба да се сликате со кримоси? Што не се сликате со мене? Ем појше книги имам напишано од неа. Ем подобро пишувам стопати. Кој не прочитал моја книга нека не мисли се фалам. И онака моите книги се одамна распродадени па ова не е ни реклама за нив. Нема.
Ама не сум пљачкал златари и сум клошар, бивш аеродромец, па не сум интересен. Што има везе како пишувам и што пишувам. Да не ме сфатите погрешно. Ме заболе ако не се сликаме заедно. Ама со неа тоа лигавење во кадарот? Па после децата биле пореметени? Психопатолошко однесување во психопатолошка средина. Ете децата од кого учат…“
Целиот статус прочитајте го на линкот подолу: