Да потсетиме, во средата седмоодделенец уби осум деца од ОУ „Владислав Рибникар“ и училишен чувар, а рани шест ученици и еден наставник по историја употребувајќи го пиштолот на неговиот татко.
Поради закани по општата безбедност, неговиот татко е приведен и одредена му е мерка притвор до еден месец, додека момчето е на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади!
Наставничката по историја која беше ранета од разулавеното момче во училиштето во Врачар, со денови не може да поверува што им направил момчето-убиец.
Според лекарите кои се грижат за неа на хируршкото одделение на Клиничкиот центар на Србија, иако сега е надвор од животна опасност и вели дека се чувствува добро, наставничката Марија во состојба на шок го повторува само ова: „Боже , Боже, што ни се случи! Што му требаше ова?”
Како што се дознава, поради сериозни повреди ја чека уште една ортопедска операција.