Naslovna Zivot Почувствував дека душата во тој момент му го напушти телото – језива...

Почувствував дека душата во тој момент му го напушти телото – језива исповед на докторот кој прв дотрчал до Сена

Според многумина, најдобриот возач на сите времиња, легендарниот Бразилец Аиртон Сена, почина на 1 мај 1994 година.

Сена имаше страшна несреќа за време на трката во Формула 1 на Големата награда на Сан Марино, на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Со брзина од 310 км/ч, легендарниот Бразилец изгуби контрола во свиокот „Табмурело“ од својот болид на Вилијамс и со полна брзина удри во ѕидот.

Ден претходно на истата патека за време на квалификациите за малтените на истото место животот го загуби и Австриецот Роланд Раценбергер.

На денот на неговата смрт, Сена возел автомобил Вилијамс. Снимката од камерата поставена во болидот на Шумахер покажува дека болидот на Сена се лизна двапати во седмиот круг, поради што тој излета од патеката на свиокот Тамбурело и удри во бетонски ѕид кој не беше заштитен со гуми. Сена со тешки повреди е пренесен со хеликоптер во болница во Болоња. По неколку часа починал поради повреди на главата.

Пријателот и доктор на Сена, Сид Воткинс, истиот кој неколку часа претходно го убедуваше да ја напушти Формула 1, беше сведок на последните земни моменти на пријателот:

„Изгледаше безживотно. Му ги кренав очните капаци и прегледувајќи ги неговите зеници открив дека се здобил со голема повреда на мозокот. Го извлековме од пилотската кабина и го легнавме на земја. Откако го направивме тоа, тој издиша и, иако јас „Не сум религиозен, почувствував дека неговата душа го напушти телото во тој момент“.

Аиртон Сена загина во својот автомобил, оставајќи го целиот свет во шок. Подоцна беше утврдено, како и секогаш, дека многу несреќни околности се поклопиле во овој фатален судир.

Ако погодеше само 5 сантиметри подалеку, веројатно само ќе станеше, ќе заминеше од автомобилот и ќе ја проколнеше својата одлука да му се придружи на Вилијамс.

Мајсторот на Монако, човекот од дожд, човекот со најмногу освоени трки во историјата (65 први стартни позиции од 161 трка) тој викенд, целиот свет поцрни. Имаше само 34 години.