Naslovna Makedonija Муцунски: Вчера бев на „Нешто слатко“ – за мене беше вистинско задоволство...

Муцунски: Вчера бев на „Нешто слатко“ – за мене беше вистинско задоволство да присуствувам на промоцијата на ова врвно уметничко дело

Статус на Тимчо Муцунски: „Вчера имав можност да присуствувам на премиерата на филмот „Нешто слатко“. За мене вистинско задоволство беше присуството на промоција на едно ново и врвно уметничко дело од словенечка продукција во кое главните улоги ги толкуваат македонските артисти Sasko Kocev и Jelena Jovanova.

Се радувам на развојот на уметноста и новите филмски остварувања, но ќе бев многу посреќен доколку стануваше збор за филм од македонска продукција. Од тие причини, сметам дека неопходно е поддршката на македонски филмски проекти да биде приоритет во иднина.

Уметноста и културата се живи материи и тие се тесно поврзани со идентитетот, државата и народот. Македонија има квалитетни и докажани професионалци кои во минатото се потпишаа на голем број квалитетни филмови.

Преку поддршка на квалитетни, уметнички проекти нивната работа ќе биде соодветно валоризирана.“