Naslovna Zivot Собра сила и се огласи на Фејсбук Нина, мајката на едно од...

Собра сила и се огласи на Фејсбук Нина, мајката на едно од загинатите деца (ФОТО)

Балканот се уште неможе да се соземе од двете масовни убиства изминатите денови во Србија, едното во Белград, другото во Младеновац. Настани при кои нжбеа убиени или повредени преку 30 лица.

Меѓу седумте убиени деца во училиштето на Врачар, беше и Е.К.(14), ќерка на Драган Кобиљски, познат тренер по одбојка, кој моментално работи во Романија.

Неговата сопруга Нина, собра сила напиша трогателна порака на Фејсбук:

„Ви благодарам многу на сите, бескрајно го цениме секој збор на утеха и поддршка, како треперлива светлина во најдлабоката темнина. Се молиме за сите наши ангели и нивниот небесен чувар Драган. Се молиме за повредените пријатели и учителката.

Колку и да занемеме од болка за нашите изгубени деца, толку сме среќни за сите што успеале да се спасат. Господ нека нè заштити од гнев и горчина, да ни даде сила и љубов, за да можеме некако да ја преживееме оваа болка“.