Naslovna Uncategorized Миа Костова: Вие не чувате дома генијалци, вие сте само ФРУСТРИРАНИ

Миа Костова: Вие не чувате дома генијалци, вие сте само ФРУСТРИРАНИ

Статус на Миа Костова: „После неколку дена, јас сѐ уште не можам да срочам ниту една реченица. Она што е сигурно е дека грешка имаме сите, но она што научивме е дека психопати лежат и во најмала возраст кај децата за кои често кога ќе посочите монструозно однесување во прво, второ… па и помали, најчесто мајката вели ‘ајде ви се молам, па тоа се дечиња’ .

Тоа се најчесто дечиња на кои од најмала возраст не им се укажува на грешките а од друга страна пак од нив се бара да бидат перфектни во најмалку 3 хобија, 2 јазици и сите петки. Можеби се раѓаат со тоа зло но многу често е тригерирано од мајка која не гушка и никогаш не фали.

На реченицата добив петка и двојка, веројатно двојката е проблем а петката не е за пофалба. Така се раѓаат психопати. Бесчуствителни и ладни како камен. Смрзнато срце од најмала возраст. Потреба да видат како изгледа силна емоција кај другиот затоа што самите се осакатени и не можат да ја почувствуваат.

Нека биде лекција. Најсилна до сега. Децата ги уништија и игриците и ријалитија, ама не повеќе од родителите кои немаат ни 3 мин за своето дете, работа, трка за пари, живеење во заедници кои трујат надалеку па наместо прегратка добиваат ќотек за тројка.

Пуштете ги нека бидат деца. Нека вежбаат што сакаат, нека учат колку можат, престанете да измислувате дека чувате генијалци. Не се тоа генијалци вие сте фрустрирани.
Никој нема да ги врати оние деца дома. Но, можеби некој ќе го врати вистинското воспитување а со тоа ќе спаси и следни генерации….

Како родител, нема да се смирам уште долго. Господ нека ги чува и ова да не се повтори тука за скоро, отворете очи широко!“