„Многупати паднав, но никогаш не отпаднав. Внимавам да не паднам, но ако паднам, стaнувам и продолжувам – ко ништо да не било.
Исто така, не придавам важност и на кучињата што ме
лаат по Патот. Паѓањето во грев не те прави грешник;
останувањето во состојба на паднатост – без борба да
станеш и желбата за гревот те прават.
Не биди блиску до она поради коешто паѓаш. Шири илузија околу себе. Ако се пронајдеш себеси подолго во комфорната зона, знај дека си се пронашол во стапица.
Никој не пораснал живеејќи внатре во комфорната зона. Сите сме падни-стани, ќе помине – барем тоа искуство го имаме. Без да поминеме низ вода и оган – и тоа по повеќепати,
нема да нè биде.
Затоа, да не се плашиме, тоа е само „местенка“ – за да нè биде. Фрли ги во очај твоите непријатели – колкупaти и дa гo предизвикaaт твoјoт пaд, ти стaни, насмеј се и продолжи по својот пат.
И не ги мрази. Значи, паѓај колку сакаш, но не останувај паднат, туку брзо станувај!
Митрополит Струмички Наум