Балканскиот полуостров во глобала, последните две децении се празни. Луѓето заминуваат на печалба во прекуокеанските и западно – европските земји. Па така, во Бугарија на пример има цели села, но и помали гратчиња кои се речиси испразнети. Во ни се останати само повозрасните луѓе.
Тоа е така, поради економската состојба, која владите во соседнните земји, се обидуваат да ја подобрат. Кај нас, ситуацијата не е како во некои земји, но сепак, сериозен е бројот на луѓето кои се иселуваат.
Германија е една од најпосакуваните дестинации, особено заљ медицинскиот персонал во последните години. Една од најголемите дилеми е како живеат нашите во дијаспората. Дали само работат, или имаат и социјален живот:
На страната Македонци во Германија, се појави токму ваков статус, во кој има објаснување како се живее во Германија:
„Викаат во Германија било куча – посо! Но да ви кажам: овде се пие повеќе кафе, овде луѓето почесто излегуваат, овде повеќе се оди по ресторани.
Овде се возат поскапи автомобили, овде имаш помалку проблеми, овде платата е редовна, политиката и национализмот не те трујат овде. За да преживееш долу треба да бидеш маѓионичар,
Кога ќе ги споредете цените во супермаркетите co платите,
а додатоците, кои ги нема, да не зборуваме. Овде се живее додека долу се преживува!
Затоа заборавете го тоа дека во Германија е куча -посо! Дали се сложувате со мене?“