Naslovna Zivot Се огласи ученик кој бил на списокот на момчето – објасни дали...

Се огласи ученик кој бил на списокот на момчето – објасни дали се познавале

Србија, но и целиот Балкан, вчера го потресе страшната вест дека ученик со неполни 14 години, со пиштол усмртил неколку соученици, наставничка и вработен во школото.

Ученици, наставници, родители, граѓани и јавни личности синоќа се собраа пред училиштето, а меѓу нив имаше и ученици кои се најдоа на списокот за убиства, но за среќа успеале да ја избегнат трагедијата.

– Не знам зошто моето име се најде на списокот и јас се прашувам. Целото училиште ме знае, но јас не го познавав, го знаев само од видување. Познавам некои деца кои беа убиени. На списокот се и моите двајца пријатели, но за среќа не ги застрела. Сите сме многу потресени. Ова е трагедија, изјави Ѓ. Ш.

Во нападот беа ранети уште седум лица, меѓу кои и наставничка по историја. Лекарите се борат за животот на 13-годишното девојче, кое се здобило со прострелна рана во главата.

Коста го земал пиштолот од татко му, кој во меѓувреме е уапсен.

Освен оружјето, осомничениот за масакрот со себе имал и четири молотови коктели. Кривично нема да одговара бидејќи уште нема 14 години.