Naslovna Makedonija По информациите за смена на нејзиниот сопруг, се огласи Мирјана Најчевска: Мојот...

По информациите за смена на нејзиниот сопруг, се огласи Мирјана Најчевска: Мојот сопруг поднесе оставка

По информациите дека нејзиниот сопруг е отповикан од амбасадорското место во Чешка, на својот профил на социјалните мрежи, се огласи професорката Мирјана Најчевска: Мојот сопруг поднесе оставка.

-Лакејот на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи започна хајка против мојот сопруг заради моите критички настапи како професор и експерт, и заради несогласувањето на мојот сопруг како амбасадор во Прага со начинот на функционирање на министерството кое Османи го приватизираше.

Мојот сопруг не се согласи со барањето на Османи (кој самиот изјави дека одговара единствено пред Али Ахмети) да го известува него и само него на дневна основа и во лична комуникација надвор од каналите на министерството, со заобиколување на Владата и на Претседателот на државата за случувањата во државата во која е поставен за амбасадор.

Значи Османи ги прекрши Уставот и законите што дипломат професионалец како мојот сопруг не можеше и не си дозволи да го толерира (за што пред неколку месеци достави претставка до Владата и до Претседателот на државата).

Со оглед на тоа дека никој не реагираше на наводите во дописот во кој беа посочени отворени акти на дискриминација од страна на Османи, мобинг и основи за сомневање за направени кривични дела, мојот сопруг поднесе оставка.

А на неписмениот лакеј на Али Ахмети кој се претставува како министер за надворешни работи некој треба да му каже дека сопругите и сопрузите на амбасадорите добиваат средства во висина од 10% од платата на амбасадорот не за да се шетаат и да се проводат туку за извршување на дипломатски задачи кои им ги доделува амбасадорот.