Naslovna Srbija Таткото го вежбал на стрелиште, но тврди дека шифрата од сефот ја...

Таткото го вежбал на стрелиште, но тврди дека шифрата од сефот ја знаел само тој

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ изјави дека покрај момчето кое денеска го изврши мас акрот во училиштето во Врачар, уапсен е и неговиот татко.

Момчето, како што беше речено на вонредна прес-конференција, имало список со имињата на децата што планирал да ги ликвидира. На училиште дошол со оружје што му го земал на татко му.

„Таткото тврди дека пиштолите биле заклучени во сефот под шифра, но очигледно детето ја имало шифрата на тој сеф, покрај двата пиштола, пронајдени се уште три рамки полни со куршуми. Неофицијално, заедно со неговиот татко вежбале стрелање. Во секој случај мерките предвидени со закон ќе бидат преземени и против таткото“, изјави Гашиќ, мислејќи на таткото на ученикот.

Веселин Милиќ, началник на белградската полиција, изјави дека ученикот се јавил во полиција и пријавил дека застрелал неколку луѓе.