Naslovna Srbija Се појави ВИДЕО од апсењето на малолетникот во Белград – еве како...

Се појави ВИДЕО од апсењето на малолетникот во Белград – еве како полицијата го совлада

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на ученикот кој изутрината пукаше во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, Србија.

Во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, во раните утрински момче, ученик од седмо одделение, извади пиштол и ги застрела чуварот, наставничката по историја и присутните ученици.

Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија пристигнале на местото на злосторството и го привеле осомничениот кој, како што се сомнева, испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.

На социјалните мрежи сега се појави видео од апсењето на 14-годишното момче. На социјалната мрежа Инстаграм на профилот со име – „moj_beo_grad_“ се појави видео од прозорецот на една од училниците на кое се гледа апсењето на момчето кое ја зави соседна Србија во црно.

На видеото се гледа како полицијата го опколува малолетникот осомничен за ова дело, го соборува на земја и го приведува.

Според досегашните информации од соседните медиуми момчето уби осум ученици, чуварот и наставничка. Видеото од приведувањето на момчето можете да го погледнете ТУКА.