Незапамтени и досега невидени сцени се случуваа денес наутро во Белград, а потресен е целиот регион.
Полицијата го уапси момчето кое пукаше во ОУ „Владислав Рибникар“, а според неофицијални информации при апсењето кажал само едно.
Полицијата во утринските часови го приведе малолетник кој беше осомничен дека пукал во наставничката, обезбедувањето и учениците од училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.
Осомниченото момче, ученик во седмо одделение во споменатото училиште, убил осум деца и еден чувар, додека наставничката по историја и седум ученици се во Ургентниот центар.
Според очевидци, момчето било отсутно при приведувањето, а кога го прашале зошто го направил тоа, рекол: „Затоа што сум психопат“.