Naslovna Zivot Се огласи Ферчо, внукот на Ферус Мустафов: Мојот дедо не е починат!

Се огласи Ферчо, внукот на Ферус Мустафов: Мојот дедо не е починат!

Пред два месеци, легендата на македонската фолк сцена,  Ферус Мустафов, гостуваше во популарниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров и зборувајќи за маестро Милан Завков кој ненадејно почина во февруари емоциите до толку го совладаа што се расплака среде интервју.

„Едниствен човек кој беше и музичар и човек. Не се раѓа таков. Милан со мене 15 години беше по турнеи, сите проекти заедно ги снимивме“, раскажа Мустафов во шоуто на Лазаров.

За жал, изминатите неколку часови, на социјалните мрежи се раширија лоши вести за здравјето на Ферус. Легендарниот македонски кларинетист и саксофонист  е хоспитализиран и се бори за живот.

По шпекулативните информации од некои медиуми дека починал, доцна во ноќта се огласи внукот на легендарниот Ферус Мустав, Ферчо.

Ова вечерва на социјалните мрежи го откри неговиот внук Ферчо Мустафов.

„До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат. Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот.

Да се помолиме за негово здравје! Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието“, напиша тој на „Фејсбук“.